Радио Милева не е првпат

Некогашната македонска учесничка од „Неки нови клинци“ сега „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, Поповиќ и порача: „Ова сцена ти е како дневна соба“ (видео)

Некогашната македонска учесничка од „Неки нови клинци“ сега „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, Поповиќ и порача: „Ова сцена ти е како дневна соба“ (видео)

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ учествуваше и македонската кандидатка Драгана Костов (16).

Драгана се претстави со песните „Круна“ од Невена Божовиќ и „Нисмо смели“ од Јована Николиќ и Марија Шерифовиќ.

На средината на првата песна, Драгана веднаш доби глас и тоа од Марија Шерифовиќ.

Македонската каднидатка го освои сите гласови од жирито кои беа воодушевнеи од нејзината изведба, па додека Драгана пееше довикуваа „браво, браво“.

Ова не е првпат струмичанката да се појави на сцената на „Гранд“. Имено, таа учествуваше во втората сезона на „Неки нови клинци“ и го освои второто место.

Неизвесност до самиот крај: Драгана Костова го освои второто место во „Неки нови клинци“ (видео) – Вистина.мк (vistina.com.mk)

„Тебе оваа сцена тие како дневна соба“ изјави Саша Поповиќ и додаде дека македонската кандидатка била феноменална.

Според правилата, кој кандидат освои шест гласа тој има право да бира кој ќе биде ментор. Драгана за свој ментор ја одбра пејачката Марија Шерифовиќ.

Со оглед на тоа дека емисијата се снимала пред некое време, Драгана и Марија веќе ги започнала подготовките за вториот круг.

Македонката во кусите приказни на „Инстаграм“ објави селфи со својата менторка. Како ќе се подготви Костова за следниот настап и дали повторно ќе освои сите гласа, останува да видиме.

Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу на 22 и 58.

To top