Денес тој е еден од најценетите и најпочитувани македонски композитори иако со години живвее и работи надвор од Македонија, „преку големата бара“ во САД.
Во неговата биографија меѓудругото стои дека како и неговиот татко, некогаш познатиот гинеколог и композитор Тодор Бојаџиев и тој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде во 2001-ва година дипломирал на најпозатот музички колеџ на светот Беркли. Потоа се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи.
Долги години работи како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со македонскиот режисер номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел и на рекламните кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, пежо, ланком… , но и како продуцент на ремикси на поп ѕведата пејачката Синди Лопер.
Со свои соло концерти започнал од 2011 година, нешто што Дуке Бојаџиев го работи до денес.
Токму во деновите пред Нова Година, Дуке сподели една стара сепија фотографија од дамнешните времиња на неговото рано детство. На неа тој како тригодишно детенце во прегратките на својот татко, Тодор Бојаџиев, кога ценетиот доктор и композитор бил на 27 годишна возраст.
„Тој почина пред точно 14 години, остави многу убава музика и ме инспирираше да станам тоа што сум денес. Ти благодарам татко, почивај во мир“ – споделил Дуке покрај фотографијата со која ја одбележува годишнината од заминувањето на неговиот родител, ценетиот и почитуван Тодор Бојаџиев.
Дека крвта не е вода, а гените не можат да се купат или монтираат, туку само можат да се наследат, е едно кусо видео од пред неколку години, кое многу потсетува на тазе споделената фотографија.
Во клипот сега веќе познатиот и ценет Дуке Бојаџиев седнат зад еден од своите синтисајзери во домашна атмосфера, а во неговиот скут едно малечко детенце што ниеизмерно потсетува на она од претходно споменатата фотографија.
Неговото синче Леон во прегратките на својот тако ги прави првите обиди да се запознае со музиката… Малиот Леон и тато Дуке, кој твори и зад себе остава многу убава музика и многу извесно го инспирира својот син и тој еден ден да стане она што е неговиот татко денес, а неговиот дедо некогаш… Случајна сличност со многу симболика, многу дарба и уметност и најмногу од се’, толку чиста љубов!
Фото: Фејсбук/Duke Bojadziev (Duke B)