Радио Милева
потрага по спомените

Некогаш беше една од најатрактивните македонски водителки: Погодувате ли кое е ова слатко девојченце? (фото)

Некогаш беше една од најатрактивните македонски водителки: Погодувате ли кое е ова слатко девојченце? (фото)

На социјалните мрежи доста често се појавуваат трендови или предизвици кои ги поставуваат познатите кои потоа стануваат еднен вид на интересна игра или во случајот копање по спомените и минатото.

Неодамна се одбележуваше „National litte me day“ или во превод, националниот ден кога сме биле мали ( од нашето детство). Токму овој ден за некои беше прилика да прочепкаат низ старите фотографии и да најдат спомен од детството.

Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја видела досега.

Овој пат, гледате едно мало слатко девојченце, на едната фотографија е на лулашки од детско игралиште на плажа, додека на другата е пред роденденска трпеза.

Оваа мала убавица денес е вистинска дама која своевремено ја гледавме на телевизија како водителка, а денес живее во Нов Зеланд заедно со сопругот и двете деца.

Веројатно веќе погодувате, оваа малечека убавица со шармантен поглед е Хелена Роза.

Од Хелена сме виделе доста, но фотографии од нејзиното детство за првпат.

Убавината и шармот кај Хелена се видливи од мали нозе, а за тоа каква била како дете, секогаш најдобро знае да каже мама.

фото:Инстаграм принтскрин/Хелена Роза

Останати вести од Радио Милева