“Го живеам својот сон, сè што си зацртав ми се исполни”, велeше фолк пејачката Сузана Гавазова во времето кога и официјално му стана сопруга на избраникот Јасмин.
Оттогаш поминаа девет години, а Гавазова евоцираше спомени од времето кога официјално стана мажена жена.
Венчавката и граѓанскиот брак се случија во Шведска каде Јасмин, а подоцна и таа живееја до пред неколку години. Истата 2014 година, само во месец август направија и свадба во родната Струмица кај невестата, а беа поканети 400 гости.
Сега речиси деценија подоцна сонот на фолкерката само добива нова и поубава димензија. Кога се омажи беше бремена со ќерката Емили, а една година подоцна ја доби и помлата Селена.
-На овој датум јас и мојот сопруг Јасмин Курузовиќ стапивме официјално во брак. Нека ни е наздравје! – пишува фолкерката за фотоспоменот кој го објави на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Веруваме дека здравица и дополнителна доза на внимание имало и непосредно. Честитки и да се множат годините!
фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук/Сузана Гавазова