Живот и Стил

Неговите претскажувања се неверојатни, погледнете што не чека!

Неговите претскажувања се неверојатни, погледнете што не чека!

Павел Глоба е руски астролог кој своите предвидувања за прв пат ги објавил во почетокот на 80-тите години од минатиот век. Тогаш најавил дека СССР наскоро ќе се распадне и дека во летото во 1991 година, на улиците на Москва ќе има тенкови. Тој дури предвидел и дека Украина ќе се распадне во 2014 година.

Според неговите тврдења, се исполниле околу 85% од предвидувањата!

Тој уште во 2009 година рекол дека 2014. ќе биде година на зголемен ризик и предупреди на авионските летови.

Еве што уште предвидел тој:

Украина ќе се распадне на три дела во 2014 година. Во Украина ќе постојат две независни администрации, кои формално ќе го задржат територијалниот интегритет. Приближно во ист формат како и денес во Молдавија.

Економската криза, која ќе продолжи до 2020 година, ќе ја смени геополитичката карта на светот. САД ги очекуваат тешки времиња, а Украина и ЕУ ќе престанат да постојат.

Наместо една Европска унија, ќе се појават неколку сојузи. Скандинавските и Прибалтичките земји ќе формираат Северен сојуз. Франција, Италија и Шпанија ќе се обединат во Јужноевропски сојуз. Европската унија можеби ќе опстане како формација, но само на хартија.

Наредните две години ќе бидат многу тешки за доларот, иако колапсот на американската валута сѐ уште нема да се случи. Најтешкиот период за доларот ќе настапи во 2017-2018 година. Доларот целосно ќе девалвира, книжните пари ќе се лепат преку ѕидови во тоалетите и никој нема да знае што да прави со нив. Во таа смисла, еврото е постабилна валута, рекол тогаш Глоба.

НАТО блокот малку ќе зајакне, но потоа ќе престане да постои.

Според неговите предвидувања, во Русија ќе се случуваат големи промени во периодот помеѓу 2014-2016 година.

Според неговите прогнози, на светот му се закануваат економски и геополитички потреси до крајот на 2020 година: сите држави ќе преживеат тешки времиња, но на крајот Русија ќе стане моќна империја и нов светски лидер.

На крајот од 2020 година, целото човештво конечно ќе се прости од кризата, која ќе биде наречена „Втора голема депресија“.

Проценувајќи ја веројатноста за појава на природни катаклизми и техногени катастрофи, Павел Глоба рекол дека 2014 година ќе биде период на зголемен ризик и предупреди на авионските летови.

„Најверојатно, во јули/август треба да се очекува бран од авионски несреќи, па би сакал да советувам луѓето да се воздржат од летања во сите правци. Во декември и јануари 2015 година, драматично ќе порасне опасноста од земјотреси, посебно во водите на Пацификот“.

Во наредните триесет пост-кризни години (до 2050 година), во Русија ќе се случи препородување. Власта во 2020 или 2021 година ќе ја преземе ново моќно лице или „јавач на бел коњ“. Тој нема долго да владее, но ќе остави голема трага во Русија.

извор:сител.мк

To top