Живот и Стил

Неделен хороскоп за периодот од 11.12-18.12.2017

Неделен хороскоп за периодот од 11.12-18.12.2017

Овен

Љубов: Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе ги помните. Овој пат љубовта е некаде настрана, тивка и по малку скриена.

Работа: На дневен ред доаѓаат иновации. Ќе има такви кои конечно ќе довршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели. Сега ќе утврдувате нови правила на игра.

Здравје и совет: Можни се помали проблеми кога се во прашање воспаленија или инфекција на мочните патишта, моќниот меур и бубрезите. Многу е важно да бидете внимателни и да водите сметка за своето здравје. Одете таму каде што ви е добро.

Бик

Љубов: Некои од вас би можеле да ја почувствуваат сласта на тајната љубовна врска или да ја сокриваат својата наклонетост кон некого затоа што така налагаат одредени правила на однесување. Во секој случај, сосема нетипично за вас. Моралните двоумења ќе ја следат оваа состојба, секојдневно.

Работа: Како што ќе одминува седмицата ќе станува сè појасно дека ова што го правите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира уште повредно да работите. Најважно ќе биде да соработувате со другите. Бидете кооперативни.

Здравје и совет: Можни се помали проблеми со алергии или иритации на кожата, појава на егземи, мозолчиња или некои флеки… Посоветувајте се со дерматолог. Редовно релаксирајте се.

Близнаци

Љубов: Веројатно малку ќе бидете индиферентни за љубов или за барањата од другата страна. Таа нема најдобро да ве разбере, но немојте да се обидувате да објаснувате како се чувствувате. Ова сепак е фаза која ќе помине. Бидете релаксирани и најдете начин да се прилагодите.

Работа: Пред вас е голема прилика за развој на кариерата или за усовршување во струката. Без разлика на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите како никогаш до сега.

Здравје и совет: Подложни сте на вирусни инфекции, грип и заразни болести. Имунитетот ви е многу ослабнат. На време посетете лекар и проверете ја крвната слика. Многумина ќе патуваат. Уживајте.

Рак

Љубов: Сега љубовта ви се чини далечна, но другите содржини од вашиот живот ви даваат сила да ја издржите осаменоста или дистанцата во личните односи. Така ќе биде во поголемиот дел од седмицата. Ако сè уште сте сами, најдете некој љубовен филм и уживајте.

Работа: Се чини како да ќе ви осамне, но никако да почне. Веќе сте нетрпеливи да покажете што сè знаете. Уште оваа седмица ќе треба нешто да подготвите или досвршите. Тоа направете го полека, но сигурно. Знаете дека ќе ве забележат, кога – тогаш.

Здравје и совет: Кардиоваскуларниот систем може да ви задава проблеми, па можни се и проблеми со притисокот. Поведете сметка и редовно следете го притисокот, дали ви варира и каква е состојбата на тоа поле. Не им обрнувајте внимание на злобните луѓе.

Лав

Љубов: Овие денови ќе дојде до значително придвижување во вашите приватни односи. Ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместуваат она што на емотивно поле им недостасува. Ќе успеете во тоа.

Работа: Најмногу би сакале да се повлечете дома и да работите нешто од својата соба. Некои од вас ова влијание ќе го искористат за вистинска домашна работа, па штом им заврши работното време ќе појдат дома и ќе се претворат во вистински мајстори. Службата ќе им биде во втор план.

Здравје и совет: Можно е да имате проблем со мигрена, синуси или проблем со очите и видот. Ќе ви биде потребен совет од лекар. Немојте да ги запоставите проблемите кои ги чувствувате и посветете му се на здравјето. Сè уште не сте блеснале. Почекајте.

Девица

Љубов: Пред вас се денови со љубовни искуства кои за вас ќе бидат пријатни. Оние кои сè уште се сами нека се дотераат и нека излезат меѓу луѓе, така шансите за доживеат љубов се поголеми. Оние што се во врска ќе уживаат во ситници.

Работа: Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас или имаат поголемо влијание на работите. Затоа поврзете се и не прашувајте премногу. Следете ги до целта.

Здравје и совет: Можни се проблеми поради малата тензичност која ја чувствувате од непозната причина. Нервниот систем ви е чувствителен. Зголемете го внесувањето на магнезиум и повеќе одмарајте. Наспијте се колку ви душа сака.

Вага

Љубов: Никако да го постигнете она кон што тежнеете во љубовта, но барем немојте да се борите со нешто што нема смисла. Проценете што е што, но немојте да реагирате по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и прилика тоа да го направите како што треба.

Работа: Сетете се само колку сте постигнале во минатото, најмногу за да се мотивирате за во иднина. Кога ви нудат нешто големо, а вие се посомневате дека тоа не е можно или дека вие тоа не можете да го а направите, самите си го затворате патот. Размислете за тоа.

Здравје и совет: Можни се проблеми со `рбетот, грбот, но и со циркулацијата, нискиот притисок и со несвестица. Немојте да се форсирате и секогаш на прво место ставајте го своето здравје, потоа сè останато. Се затворате во себе.

Скорпија

Љубов: Многумина ќе уживаат како никогаш до сега. Приликите за зближување ќе бидат речиси секојдневни. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете помеѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило поради тоа.

Работа: Сè повеќе ќе се интересирате за нови содржини кои би можеле да го подобрат она што го работите. Ќе изградите нови планови во таа насока. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете на дело, или барем да ги придвижите плановите. Ќе им бидете на услуга на сите.

Здравје и совет: Немојте да јадете храна со сомнително потекло. Постојат назнаки дека би можело да дојде до труење и сериозни стомачни проблеми. Исто така избегнувајте алкохол или таблети кои не се во согласност со советите на лекар. Ви треба повеќе сон.

Стрелец

Љубов: Пред вас се добри денови, но не со големи љубовни прилики. Искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така треба да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани.

Работа: Ќе привршите некои работи. Подгответе се за иновации или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои принудно ќе отидат на годишен одмор. Некои трети ќе работат од дома и во тоа ќе наоѓаат поголем предизвик отколку на работното место.

Здравје и совет: Можни се проблеми поврзани со умор. Генерално сте малаксани, исцрпени и треба да си дозволите добро да се наспиете и да ги наполните батериите за повторно да бидете здрави и силни. Светот сè побргу се менува.

Јарец 

Љубов: Оваа седмица во љубовта ќе ве следи среќа. Малите сомнежи бргу ќе поминат, па немојте да им придавате значење. Објективно вратата од нечие срце ви е отворена. Немојте самите да си го затворате патот, одете таму каде што чувствувате дека припаѓате.

Работа: Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат прилики да ги покажат и докажат своите работни способности. Затоа немојте да се двоумите. Треба да ги засукате ракавите и едноставно да работите.

Здравје и совет: Немојте да јадете премногу мрсни и зачинети јадења, ова е добро време да ги регулирате навиките поврзани со исхраната за подоцна да немате поголеми проблеми со холестеролот. Малку дисциплина нема да ви биде на одмет. Од вас се очекува повеќе.

Водолија

Љубов: Следните денови постојано ќе имате прилика да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Можно е да бидете во ситуација непримерно да реагирате, затоа избегнувајте прекумерно зближување. Со доза на самоконтрола сè ќе биде подобро. Потрудете се.

Работа: Некои од вас ќе бидат изненадени со важноста на работата која е пред нив. Можеби и ќе се уплашат. Сепак треба да знаете дека сте им дораснати на поставените задачи. Ваква прилика ретко се добива и би било вистинска штета да се пропушти. Немојте премногу да анализирате. Работете.

Здравје и совет: Можни се помали проблеми со грлото. Зајакнете го имунитетот, немојте да пиете студени или газирани пијалаци и ако можете немојте да пушите. Подобро организирајте се.

Риби

Љубов: Најпосле ќе се чувствувате посигурно во врската. Ќе бидете подготвени на разни лудории, па и ризици затоа што знаете дека саканата личност ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите, ќе ви биде простено. Оние што се уште сами ќе пленат со својата ведрина.

Работа: Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефикасно. Многу очи ќе бидат вперени во вас и од вас ќе се очекува. Некои од вас ќе повлечат потези кои ќе имаат влијание на сите со кои што работат. Ќе го направите тоа повеќе од успешно и затоа другите ќе ве ценат.

Здравје и совет: Може да се појават проблеми поврзани со градниот кош, па поведете сметка за тоа. Покрај тие проблеми, ќе треба да внимавате и на нозете, стапалата, зглобовите и вишокот на вода во организмот. Ќе се ослободите од илузиите.

извор:скопје24.мк

To top