Живот и Стил

Неделен хороскоп 23 – 29 Октомври

Неделен хороскоп 23 – 29 Октомври

Овен

Работа

Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чуствувате дека се околу вас е некако заспано, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината. Навистина ви е потребен мир, а ако имата шанса за некое деловно патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.

Љубов

Љубовниот живот ви е стабилен и мирен. Соочете се мирно со ситните љубовните проблеми, одморете се од работата и посветете повеќе внимание на емоционалниот живот. Немојте да бидете автодеструктивни и обидете се да не се заљубите во личност која е склона да игра со вашите чуства.

Здравје

Помалку чуствително, внимавајте на главата и намалете со кафето и цигарите.

Бик

Работа

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците.

Љубов

Сентименталните односи ви се одлични, искористете го тоа и обидете се да разговарате отворено со вашиот партнер за вашите потреби. Ако сте слободни ќе започнете нова врска или пак ќе имате прилика за авантура. Размислете добро. Односите во семејството ќе ве загрижуваат па затоа ќе морате да се обидете да ги средите. Бидете потолерантни.

Здравје

Чуствително, можни се проблеми со некои жлезди и кожата.

Близнаци

Работа

Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже. Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.

Љубов

Не ќе можете да се воздржите и да ги контролирате вашите надојдени страсти. Ако немате партнер подгответе се, љубовта ќе дојде одненадеж. Некои од вас ќе наидат на семејни или емотивни проблеми, нема причина да ги занемарите туку веднаш превземете ја работата во ваши раце.

Здравје

Вашата пренагласена активност може негативно да се одрази врз вашето здравје. Ве советуваме на умереност, урамнотежност на мислите и емоциите.

Рак

Работа

Прекрасен период за работа и извршување на вашите секојдневни обврски. Ве очекуваат пријатни моменти на рабтното место. Добро ќе се разбирате со соработниците и повеќе од работното време ќе го поминете во другарување, а можеби и озборување. Ве очекува важен разговор со претпоставените кој доста позитивно ќе влијае врз вашата работа, а можеби и некое унапредување. Ќе имате подршка од доста важни луѓе, а тоа треба многу да го цените и да бидете благодарни.

Љубов

На љубовен план ве очекуваат нови настани кои најпрвен малку ќе ве збунат, а потоа многу ќе ве заинтересираат. Можеби ќе бидете незадоволни но ве советуваме да не претерувате со анализите. Ако сте во врска, очекувајте убави моменти поминати со вашиот партнер, дружење со вашите пријатели и забава. Слободните ги очекуваат средби, но сепак внимавајте со кого се дружите.

Здравје

Здраствената состојба ви е стабилна избегнувајте мрснотии и проверете го крвниот притисок.

Лав

Работа

Моменталната ситуација од вас бара одлучно делување и прилагодување на новите животни прилики и многу брзи реакции. Во работата вложувате додатен напор, но тоа ќе ви се ислати. Само продолжете со ова темпо. Послушајте ги советите од страна. Во односите со соработиците ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате добра соработка. Пријателите можат да ви подарат пријатни моменти и радост и нема да згрешите ако ги прифатите понудите за поинтензивно дружење со нив.

Љубов

Одличен период за љубовни средби за оние кои се во врска, а и за оние слободните кои го бараат животниот сопатник. Ако добиете покана за средба немојте да ја одбивате, можи да ви случи нешто прекрасно. Подолго време ве интересира една личност која ви се чини дека е неодостапна, обидете се. Семејните односи ќе бидат доста напнати, но нека не ве загрижува тоа кратко ќе трае.

Здравје

Можни се полесни здраствени проблеми поврзани со срцето. Со внимателност успешно ќе ги надмините.

Девица

Работа

Работните задачи ќе ги извршувате без никакви тешкотии и пречки. Се ќе ви оди од рака. Доста разговори со вашите колеги и заедничкото решавање на проблемите ќе ве прави среќни и ќе чувствувате дека повторно сте во шема. Ако имате намера да инвестирате во недвижнини затоа што сте дошле до поголема количина на пари, а не би сакале да пропаднат, не се залетувајте премногу туку побарајте совет од стручни лица.

Љубов

Во љубовта потрудете се во односот со партнерот да бидете пореални. Ви се наметнува некој ваш добар пријател, а вие не знаете како да постапите. Најдобро е да бидете поладнокрвни и да се правите дека ништо не забележувате. Слободните ги советуваме да не размислуваат за минатото-обидете се да ги заборавите непријатните моменти. На семејните недоразбирања реагирајте со насмевка.

Здравје

Внимавајте на дигестивните органи -јадете редовно и полесна храна.

Вага

Работа

И покрај тешкотиите со кои ќе се соочите неделава сепак ќе најдете сила да издржите. Вашите квалитети и потенцијали многу тешко ќе ги изразувате. Ќе бидете премногу чуствителни на се што ќе се случува врз вас. Внимавајте во работата и обидете се да бидете целосно концентрирани. Не го очекувајте невозможното обидете се да обновите односите со луѓето кои се поврзани со вашите проблеми. Имате шанси некаде да отпатувате. Искористете го тоа. Контактите со претпоставените ќе ве разочараат, но тоа не треба да ве запира во работата. Бидете поупорни. Ќе поминувате доста време во друштво со пријателите, а тоа добро ќе ви дојде после напорната работа.

Љубов

Во емотивниот живот премногу се грижите за неважни ситници и самите себе се оптеретувате. Полни сте со емоции и страсти, но станувате и доста нетрпеливи за вашиот партнер. Додадете повеќе самоконтрола и одлучност на својот карактер.

Здравје

Одлично но внимавајте при ракувањето со остри предмети.

Скорпија

Работа

Ништо не ќе може да ве изненади неделава. Ќе бидете некако настрана и незаинтересирани за околината. Вашите пријатели ќе помислат дека нешто се случува со вас и ќе сакаат да ви помогнат. Секако дека нема потреба, тоа е само моментална ситуација која многу брзо ќе мине. Нема да имате многу слободно време, напорно ќе работите додека другите околу вас гледаат да избегнат секаква работа. Не се занимавајте со неважни работи, бидејќи можете да го запоставите еден доста важен проблем.

Љубов

Интересен период за љубов, ве очекува можност да го сретнете лицето кое не сте го виделе повеќе време, или пак некоја љубов на прв поглед ќе ви го одземе вниманието за потоа брзо да ја изгубите. Ако сте во врска, бидете повеќе време со партнерот тоа многу ќе ви годи. Во кругот на семејството ве очекуваат задоволства.

Здравје

Добро, можни се помали проблеми со варењето на храната.

Стрелец

Работа

Не ја губете силата на работи на кои малку можете да делувате, бидејќи многу ќе се нервирате. Вашите имагинативни можности се нагласени, ќе се занимавате со уметност и работи за кои е неопходна фантазија. Иако имате многу причини да бидете задоволни сепак нешто не ве остава на мир. Секогаш сакате повеќе иако знаете дека тоа е невозможно. Откриете што. Задлабочете се во проблемот кој ве мачи; концентрацијата и истражувањето ќе ви биде од корист. Искажете го своето мислење и уверете ги другите во вашите точки на гледиште. Одлично ќе се снаоѓате во комуникациите со поголем број на луѓе. Од околината ќе бидете добро прифатни, а вашите идеи ќе влезат во план за рализација.

Љубов

Во љубова условите не се баш најдобри, но доволно добри за да ви овозможат стабилност на врската. Слободните Стрелци ќе имаат добри шанси за почеток на нова љубовна врска. Ќе морате многу повеќе да внимавате на изборот.

Здравје

Одлично.

Јарец

Работа

Ќе мислите на себе и на она што сакате да го постигнете. Ако не можете да се решите по кој пат да тргнете, добро размислете за последиците и запрашајте се што ќе ви донесе иднината. Немојте да рескирате, потрудете се да го извлечете максимумот, склопувајте нови пријателства и без срам наметнувајте се на вашата околина. Одлично ви се аспектирани трајните работи кои бараат многу упорност и трпеливост. Вашата позиција е стабилна, но кога станува збор за амбициозни проекти ќе мора да причекате уште некое време.

Љубов

Ситуацијата на емотивен план е стабилна. Многуте страсти кои ќе бидат присутни неделава, кај вас ќе созададат впечаток како да сте повторно заљубени. Не пропуштајте ги убавите моменти кои ви се нудат, ќе бидат од оние кои тешко се забораваат. Во сериозните врски ќе биде се во ред, ова е прекрасен период за изразување на чувствата.

Здравје

Бидете повеќе внимателни на вирусни заболувања, имунитетот ви е намален.

Водолија

Работа

Ќе бидете оптеретени во текот на целиот период и ќе се чуствувате доста заморно, но не смеете да потклекните на тешкотиите и едноставно пробајте да издржите и да се борите. Ќе се соочите со финансиски тешкотии, а тоа многу ќе ве загрижува. И покрај големите обврски ќе имате доволно време да размислите за потезите кои порано сте ги имале превземено, но и за нови акции кои би можеле да вродат плод. Во сето тоа ќе ви биде неопходна поддршката од колегите, а пред се од вашите предпоставени. Во врска со тоа планирајте и службен пат.

Љубов

Ве очекува напната ситуација на љубовен план, особено оние кои се наоѓаат во подолготрајна врска или во брак. Несогласувањата и расправиите со вашиот партнер, можеби ќе допринесат да ги расчистите натрупаните проблеми. Страственоста која ја поседувате во моментот како и необичното однесување ве прави интересни за спротивниот пол и ви советувам да прифатите љубовна понуда во овој период, тоа за вас ќе бида само уште еден предизвик повеќе.

Здравје

Добро, можни се повремени слаби главоболки.

Риби

Работа

Интензивен период кој ви носи многу збиднувања и напнатост. Ќе бидете доста експлозивни и ќе чувствувате потреба да превземете нешто, да се докажете, но за жал тоа нема да ви оди така лесно. Отпорите од ваша страна ќе бидат нагласени, па тоа ќе ви донесе судири со околината. Совладајте се и не реагирајте бурно. Само во работата ќе заборавате на лошата ситуација и проблемите кои се присутни. За депресија и немате време бидејќи работата ви е на прво место. Иако некои луѓе ќе сакаат да ве извадат од колосек, сепак во тоа нема да успеат. Имате предност во извесни ситуации, па искористете ја на најдобар можен начин. Штедете ги парите, но немојте да бидете многу скржави.

Љубов

Во љубовта работите се средуваат и ќе тргнуваат кон подобро. Највероватно вашиот партнер ќе ги прифати вашите предлози за нов тек на вашата врска. Слободните претставници нека не влегуваат во врска со сомнителни личности. Сметајте на личноста која моментално е во ваша близина и ќе бидете повеќе од задоволни.

Здравје

Стабилно, можете малку и да спортувате.

Извор: Астромагазин.мк

To top