Пејачката Неда Украден (71) на едно случување во Белград се појави во елегантно издание.
– Настапувам многу, до крајот на месецот ќе имам уште три настапи. Во текот на мај дури 11 тезги – откри пред камерите на Блиц ТВ Неда Украден.
На прашањето за Констракта, српската претставничка на „Евровизија“, таа бурно реагираше.
View this post on Instagram
Имено, членовите на седмата сила побараа од Неда да се произнесе за тоа што пред финалето на споменатиот натпревар ја поддржала Констракт, иако не и дала ниту еден поен на „Беовизија“ како член на жирито.
– Ви благодарам, ме разбирате се’, нема причина да продолжиме да зборуваме – реагираше Неда и го прекина интервјуто.
фото:Принтскрин Блиц ТВ/Инстаграм