Радио Милева Конците се одмрсуваат

„Не зборувам со нив“: Кеба најпосле проговори во каков однос се неговиот син Игор и снаата Северина

„Не зборувам со нив“: Кеба најпосле проговори во каков однос се неговиот син Игор и снаата Северина

Семејството Којиќ остава прилично стресна и бурна година и сè уште е нејасно каква врска всушност имаат Северина и Игор. Напишано беше и се шпекулираше дека тие биле во кавга, дека нивниот брак е завршен поради наводно неверство и дека разводот е веќе очекуван. Драган Којиќ Кеба откри дали секој тргнал по својот пат и што навистина се случува меѓу сопружниците.

– Новогодишните празници ќе ги поминам дома, но се сомневам дека целото мое семејство ќе биде заедно. Кога ме прашувате за Северина и Игор, немам претстава што се случува во нивниот брак. Јас не зборувам со нив! Ниту, пак, треба да се мешам во тие работи. Не слушам често од мојот син затоа што има многу одговорности, па затоа често не е дома. Не знам што се случи со Северина, не разговаравме за тоа. Таа е во Хрватска подолго време. Не знам дали планира да дојде наскоро, но тоа е нејзината работа – открил свекорот на Северина за „Српски телеграф“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

На прашањето дали парот ќе ги помине празниците заедно и дали ќе бидат со своето семејство во Белград, Кеба одговори:

– Мојот син и снаа имаат сопствен живот. Мора да ги прашате дали ќе бидат во Белград за празниците. Не можам да одговорам за нив, бидејќи сигурно не сум добро упатен. Не знам.
И судејќи според објавите на Северина на „Инстаграм“, се чини дека пејачката нема намера да се врати во Србија, со оглед на тоа дека никогаш не е посреќна, и конечно може да ужива во прегратките на нејзиниот син Александар. Северина и нејзиниот наследник заедно поминаа католички Божиќ, а по тој повод се огласи на Инстаграм и рече:
– Синоќа кога отидовме да спиеме, тој само шепотеше: ‘Ти си најдобрата мајка на светот’ Среќен Божиќ на сите – воодушевено рече Северина пред неколку дена.

To top