Македонската пејачка Калиопи Букле, пред белградскиот концерт на Коларац закажан за 25-ти ноември, за српските медиуми си ја отвори душата.
Таа раскажува како ги поднела разводите од Ромео Грил и Зафирчев, но и како се борела со тагите во својот живот, какви мажи и се додворуваат. Зборуваше и за синот Пако.
Иако е одамна разведена од Ромео, се уште се дружат и често соработуваат:
Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме а веќе наредната година отидовме во студио и направивме албум. Некому е тоа чудно но не и нам. Ромео е моето главно рамо за плачење, и ден денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе, вели Калиопи.
Понекогаш не е паметно да се каже вистината на погрешно место. Не се каам за ништо што сум направила бидејќи тоа е дел од мојата приказна. Не е убаво кога во животот е се’ изгланцано, мора да има и малку прашина, рече Букле истакнувајќи дека ниту вториот развод не го сфатила трагично.
Мојот спас и среќа е тоа што животот ми го чинат музиката, творештвото, патувањата и креативноста…За среќа има луѓе кои се уште мечтаат со моите песни и мене ми е тоа најважно.
Суштината на нејзиниот живот е синот Пако, кој со татко му Ромео Грил живее во Швајцарија.
Најемотивен момент во мојот живот беше неговото раѓање. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него. Мене и на Ромео постојано ни вели „Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“ така што морам да ги испочитувам неговите желби, рекла Калиопи за српски Курир.
Инаку, Пако има 26. години и живее и работи со татко му.