Живот и Стил

Не ви треба детергент или скап омекнувач: Со една состојка пешкирите ќе ви бидат меки како првиот ден

Не ви треба детергент или скап омекнувач: Со една состојка пешкирите ќе ви бидат меки како првиот ден

Секоја домаќинка знае дека по десет перења, пешкирите можат да станат груби. Ова воопшто не и одговара на кожата, па жените на различни начини се обидуваат да ја вратат мекоста.

Користењето омекнувачи понекогаш може да помогне, но не секогаш.

Има полесен начин да ги омекнете вашите пешкири со состојка што веќе ја имате во вашата кујна.

Тоа е, верувале или не, обичен алкохолен оцет за јадење.

Сè што треба да направите е да ги ставите пешкирите во машината и да ја вклучите на пократка програма, а потоа да додадете 2 чаши оцет во машината наместо прашок и омекнувач.

Пред да ги ставите да се исушат, добро протресете ги, бидејќи така ќе се олабават влакната, а пешкирите ќе станат кадифени и меки.

Извор: Курир.мк

To top