Убавата новинарка и ТВ водителка Анастасија Богдановска неодамна го прослави 30-от роденден, а тогаш влезе и во 30-та недела од бременоста.
Деновиве таа брои ситно до породувањето, но е активна труцница која во моментотв ужива во убавините на Охрид, а таму релаксирана и опуштена сублимира што научи изминатите месеци од бременоста и промената на своето тело.
View this post on Instagram
-Она што го научив до сега: Твоето тело е создадено за животот кој го носиш во себе. Никој подобро од тебе не може да ја носи твојата бременост. Затоа: Не се споредувај со другите . Не го споредувај обликот на твојот стомак, неговата големина, ниту пак килограмите кои ги “качуваш”. Секој има посебно и уникатно патешествие. Апликациите кои те водат низ бременоста се супер водич и помагало за генерални насоки. Но не мора да значи дека ако пишува дека бебето треба да тежи 1.800 г. во ХХ недела, мора да тежи толку и дека нешто не е во ред. Секој има посебно и уникатно патешествие. Исто и твоето бебе. Ќе бараш и ќе доаѓаат добронамерни совети од сите страни. Заблагодари се, затоа што навистина се добронамерни. Сепак, само ти го знаеш најдобро твоето тело и бебето кое расте во тебе. Но секогаш, секогаш, советувај се со доктор. Со двајца доктори, па и со тројца ако треба. Гугл не е доктор. Уживај.
View this post on Instagram
Анастасија, со лесно!