22 годишната учесничка во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, скопјанката Андријана Петрушовска, не успеа да стигне до победа, но во финалето беше една од највпечатливите.
Освен што си направи ултра добра реклама за понатамошната музичка кариера, таа стекна нови пријателства, но и смпатии кај „големите риби“ како што е Цеца Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
Српската фолк ѕвезда не и беше ментор на нашата Андријана, но постојано ја поддржуваше и секогаш знаеше да каже позитивни коментари како за пеењето на Андријана, така и за нејзиниот сценски изглед.
Во една прилика видовме дека младата пејачка била во друштво на Анастасија Ражнатовиќ, а со најновата фотографија која се најде на нејзиниот Инстаграм, Андријана седи во скутот на Цеца, со што покажа дека тие двете се доста блиски.
Ако во иснина слушнеме за некаква соработка со мајката и ќерката пејачки во спој со македонската надежна ѕврзда, тоа нема да биде изненадување.
Инаку, Андријана Петрушовска потпиша договор со „Гранд“ продукција, веќе има настапи низ земјава, а најавува и свои песни.
фото:Инстаргам/Андријана Петрушовска принтскрин