Многу луѓе не ги сакаат вежбалниците за одржување во форма. Но, има и алтернативи, како што се градинарството, танцувањето на шипка, лизгањето и возењето ролери, што понекогаш може „да Ве испотат“ и да ги донесат истите резултати како и вежбите под надзор на тренер. Има безброј начини да останеме „фит“ – испробување нов индивидуален или групен спорт, стариот добар „маалски“ „сервис без мрежа“ или борење со партнерот… Следат уште неколку хобија што може да ја заменат вежбалницата.
Градинарство
Со грижата за цвеќињата и за двор, може накусо „да го замолчиме“ умот, а во истовреме и да го направиме телото поцврсто. Копањето земја, носењето потешки кофи и возењето количка за пренос може да се вбројат како еден вид вежбање.
Така се поврзувате и со природата додека сте покрај растенијата и дишете чист воздух. Друга придобивка е што нема притисок правилно за изведување на вежбите, ниту пак оптовареност со тоа дали некој Ве гледа или надгледува како тренер.
Уметничко лизгање
Иако не е секогаш достапно, вежбалницата можете да се замени и со лизгање – барем зиме. Неколку часа лизгање нуди подобрување на рамнотежата, флексибилност на зглобовите, посилно менталното здравје, поцврста мускулна маса и попрецзна моторна координација. Плус, ако немате или не умеете со ролерки, ова е кардио-активност што одговара на сите возрасти и во многу услови. Постојаниот напор додека ги користите рацете за рамнотежа го зголемува пулсот, па оваа активност важи за слична на одење по угорница или лесно трчање.
Танц на шипка
Оваа уметност отсекогаш ја барала истата елеганција, сила и вештина како, на пр., и гимнастиката и балетот. Танцувањето на шипка е комплетен тренинг за човековото тело. Дури и на почетно ниво, движењата се динамични и користат повеќе мускули одеднаш.
Возење ролерки
Според Меѓународната асоцијација за ролерки, „лизгањето со тркалца“ го придвижува секој мускул во телото и може да согори од 350 до 600 калории за еден час. Возењето ролери е одличен пример за аеробни вежби, коишто му помагаат на телото подобро да го користи и да управува со инсулинот. „Ролањето“ ги зајакнува и срцето и коските, го намалува нивото на шеќер во крвта, го ублажува стресот и го подобрува нивото на холестерол.
Кога станува збор за здравствени придобивки, тоа е еквивалентно на трчањето во природа и ни помага во развојот на силата и изградувањето мускулна маса.
извор:курир.мк