Вељко Ражнатовиќ веќе подолго време живее со сопругата Богдана и синот Жељко во родниот Тител, а сега открива каква пресвртница му била одлуката да живее во провинција.
– Пресврт за да се преселам беше моментот кога сфатив дека Белград отишол во неповрат и дека не сакам моето дете да расте во таа средина. Го мразам градот, овие работи што ги правам овде не можам да ги правам во Белград, ме ужаснува пиењето кафе низ градот. Белград е половина час возење, Зрењанин е 15 минути, Нови Сад е 20 минути – вели Вељко.
Истакнува дека смета дека е поздраво неговиот син да расте во Тител.
View this post on Instagram
– Секогаш некој мора да се грижи за Жељко. Убаво си поминтителува во Тител и кај мама, на тотално поинаков начин го поминува времето во Белград и овде дома. Мислам дека е поздраво да расте во Тител – изјави Вељко.
Вели дека не се пронаоѓа во градскиот живот.
– Уживам да сум со моите кучиња, имам свои мотори, рекреативни активности. Доаѓа моето друштво, играме малку кошарка. Илјада пати е подобро и помирно од животот во Белград, ниту никаде одам ниту излегувам. Не гледам што би можел да направам во тој смог – рекол Вељко.
View this post on Instagram
Тој вели дека во иднина би сакал повеќе да се занимава со земјоделство и откри дека има голема желба да отвори зоолошка градина.
-Село ме привлекува, како и сите работи на село, се надевам дека уште повеќе ќе се занимавам со земјоделство. Би сакал да имам мини зоолошка градина, да работам на повторно населување на некои загрозени видови како што се егзотичните мачки, мечки – изјави Вељко за српските медиуми.
фото: Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ