Во медиумите вчера се појави вест дека Ана Николиќ му ги исфрлила работите на Раста од станот и побарала старателство на ќерката.
Ни тие, ни нивните претставници за медиумите не се огласија, а пријателка на Ана откри непознати детали.
„Не сакам ништо да зборувам за да не ја повредам Ана. Знам дека еден месец не сака да слушне за Раста. Тој едноставно никогаш нема да се промени, не е за семејство и не може повеќе да го трпи. Одлучна е да остане сама и сама да се грижи за ќерката која е центарот на нејзиниот свет“, вели пријателка на Николиќ која сакаше да остане анонимна.
За потсетување, Ана го блокирала Раста на Инстаграм, а својот роденден го помина во Рим со пријателките.