Живот и Стил

Не пијте кафе кога сте под стрес – ова се намирниците кои ја намалуваат напнатоста

Не пијте кафе кога сте под стрес – ова се намирниците кои ја намалуваат напнатоста

Поради брзиот начин на живот, многубројните деловни, но и домашни обврски и со напредокот на современата технологија и честото посетување на социјалните мрежи сè почесто сме изложени на стрес, а доколку не знаеме да го контролираме истиот, тој може да се претвори во анксиозност.

Меѓутоа, правилната и здрава исхрана може да ја намали напнатоста и чувството на тегоби, тврдат експертите.

Па така, ако забележите дека сè почесто сте нервозни и тензични, обидете се да јадете пуканки или семки од сончоглед. Нутриционистите советуваат и консумација на тост од цели житарици или овесна каша со една лажичка мед. Покрај тоа можете да грицкате и пуканки (но со помалку сол во нив), а кога се чувствувате вознемирено и сте нервозни, посегнете по интегрални крекери.

Семките од сончоглед се одличен извор на фолна киселина која му помага на телото во производство на допамин – хормон кој поттикнува задоволство, но е клучна и за нормалното функционирање на организмот. Јаглехидратите со ниско ниво на маснотии можат да го зголемат производството на хормонот на среќа во мозокот, што помага да се опуштите.

Додека сте под стрес, избегнувајте кофеин кој е стимуланс, бидејќи може да ве направи уште понервозни и понапнати.

извор:точка.ком.мк

To top