Пејачката Александра Младеновиќ никогаш не изгледала подобро и за медиумите откри како успеала да ослабе, но пред тоа изјавила како поминала на свадбата на Дарко Лазиќ.
– На свадбата на Дарко беше прекрасно, иако не пиев алкохол, одлично се забавував. Веќе три, четири месеци не пијам, гледате колку ослабев. Се чувствувам подобро – изјави Александра, која за девет години од кариерата постигна многу, меѓу кои и обезбедување имот за себе:
– Сигурно размислувам да купам уште еден стан, но сега сум многу уморна од албумот. Се обидувам да настапам, да ги вратам парите во банка. Албумот е дефинитивно едно скалило погоре, како и да оди, бидејќи во денешно време ретко кој се решава на тој чекор. Пејачката истакнува дека имало моменти кога се засрамила од своите постапки:
– Понекогаш јазикот ми е побрз од умот и подоцна се каам што не размислував.