Живот и Стил

Не можеме без нив: Фармерките што се во тренд оваа сезона (фото)

Не можеме без нив: Фармерките што се во тренд оваа сезона (фото)

Иако е топло, за фармерките слободно можеме да кажеме дека се парче облека што се носи во текот на целото лето.

Затоа и воопшто не нè чуди што познатите трендсетерки на Инстаграм полудеа за еден модел фармерки. Станува збор за фармерките со рамен крој, висок струк и широки ногавици.

Овој модел ѝ ласка на секоја фигура, особено на витките девојки што сакаат визуелно да ги издолжат своите нозе. Тие исто така се и лесни за комбинирање, па можете лесно да ги претворите од секојдневно парче облека во вечерна комбинација така што ќе додадете штикли и модни додатоци.

Најдоброто од сè е што модата постојано се повторува, па затоа постојат големи шанси да можете да ги најдете овие ретро фармерки во шкафот на вашата мајка или пак, на вашата баба. Тоа значи и дека нема да мора да купувате нов модел и ќе заштедите пари.

фото:кафепауза.мк

To top