Поп-пејачката Анабела Атијас и нејзиниот сопруг Андреј се во центарот на вниманието на медиумите откако избувна судир меѓу нив, кој заврши со семејно насилство.Целосната постапка сега преоѓа во надлежност на адвокатите и судот, бидејќи брачните другари не можат да ги надминат несовладливите разлики во бракот.
Анабела одлучи да стави точка на бракот со Андреј, па затоа започнала судска постапка за развод. Заради ќеркичката Бланкица, таа не сакала босански бизнисмен и кривично да го гони.
„Заради малата Бланкица, Анабела сепак ќе остане во контакт со Андреј по разводот, а нејзините емоции се потиснати бидејќи веќе не е подготвена да ја трпи агонијата што ја доживува по неговите се’ почести пијанства. Нејзиниот живот е доволно хаотичен и без него, така што нема сила за неговата постојани оправдувања и ветувања кои потоа не ги исполнува“ – вели близок пријател на Анабела.
Пејачката моментално поминува низ многу тежок период, а најсилна поддршка покрај Луна и е верувале или не, токму нејзиниот поранешен сопруг, Гаги Ѓогани.