Радио Милева строга диета

„Не јадам ништо 48 часа“: Емина Јаховиќ гладува за да изгледа убаво (фото)

„Не јадам ништо 48 часа“: Емина Јаховиќ гладува за да изгледа убаво (фото)

Пејачката Емина Јаховиќ е позната по својот изглед како на вистинска манекенка, а за да ја одржи тежината и да го исчисти телото од токсини и маснотии, посегнува по методи кои многумина ги сметаат за нездрави и загрижувачки.

Емина еднаш ја изненади јавноста кога откри дека гладува поради својот изглед.

– Еднаш месечно гладувам. Тоа го правам некое време. Не јадам точно 48 часа – признала Емина.

Пејачката еднаш на социјалните мрежи објави дека ги одбројува часовите до следниот оброк.

– Точно 20 часа без храна. Одиме! – изјави Јаховиќ преку Инстаграм, пред да додаде дека планира да продолжи со истото темпо уште 28 часа.

Меѓутоа, понекогаш си дава пауза и потоа обично си одредува ден кога ќе јаде што сака. Остатокот од месецот следи одредена диета.

Имено, менито на Емина Јаховиќ генерално не вклучува шеќер, јаглени хидрати, алкохол или доцни вечери.

Покрај тоа, таа не пие сокови. На нејзиното мени доминираат свеж и термички обработен зеленчук, месо, ѓумбир, портокали и вода со лимон. Покрај корегираниот начин на исхрана, составен дел од нејзиниот здрав начин на живот се и тренинзите во теретана, со кои ја одржува кондицијата и формата.

Сепак, диетите кои се засноваат на тоа да не се внесува храната  во организмот цели два дена, не се новитет.

Фото: Принтскрин/Instagram/yaemina

To top