Радио Милева

Не ја остава на „раат“: Врањеш забележан пред домот на Карлеуша, пејачката повикала полиција

Не ја остава на „раат“: Врањеш забележан пред домот на Карлеуша, пејачката повикала полиција

Јелена Карлеуша објави на „Инстаграм“ дека наводно  босанскиот фудбалер Огњен Врањеш ја демне пред нејзиниот дом, па пејачката уплашена поради својата безбедност, повикала полиција.

„Обезбедувањето ме извести дека личност по име О. Врањеш  е виден во автомобил пред мојот дом. Поради моја безбедност и безбедност на моите деца ја известив полицијата“ напиша Јелена во кратките приказни на „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, во јануари претходната година српските медиуми пишуваа дека Јелена наводоно имала љубовна афера со Врањеш, а  се појавија и експлицтни фотографии од пејачката кои наводно ги праќала на фудбалерот.

Таа ги нагираше сите овие пишувања истакнувајќи дека се тоа е монтажа, дека не е точно дека го изневерувала сопругот Душко Тошиќ.

И тогаш медиумите шпекулираа дека наводно Карлеуша и Душко се разведуваат, но се тоа остана само на шпекулирање.

To top