Додека уживаме во сочниот дел, забораваме на кората од лубеницата. Тука грешиме бидејќи не ги искористуваме сите лековити својства на ова овошје. Во овој дел од лубеницата има Б и Ц витамин, па наместо во нашиот организам, овие материи завршуваат во канта за отпадоци.
Покрај овие витамини, кората од лубеницата, како што покажуваат научните истражувања, содржи и голема количина на цитрулин, аминокиселина која е многу здрава. Цитрулинот се претвора во аргинин, кој е многу значителен за здравјето на срцето и циркулацијата.
Следниот пат искористете ја и кората, најпрво добро измијте ја, а потоа ставете ја во блендер и додадете ја во вашиот омилен пијалок.
извор: Курир.мк