Кога ќе го исцедиме лимонот, вообичаено кората ја фрламе. А не треба да го правиме тоа затоа што таа е побогата со хранливи материи од самиот сок.
Кората е полна со витамин А и Ц, потоа калиум, калциум и хранливи влакна, кои се многу добри за нашата мускулна маса, очите, нервите, срцето, варењето на храната.
Калиумот од кората на лимонот ги опушта крвните садови и помага во намалување на хипертензијата. Тоа допринесува во подобрата работа на срцето.
Кората од лимон се препорачува затоа што многу е богата со хранливи влакна.
Тие исто така имаат позитивна улога во одржување на нормалната телесна тежина, а исто така се добар сојузник за спречување на појава на срцеви болести.
Освен што делува лековито на внатрешниот организам, таа помага и во надворешна употреба, односно со неа може да се премачкуваат раните и акните.
Кога станува збор за раните докажано е дека антибактериското дејство на екстрактот од лимоновата кора помага при зараснување на раната што кај луѓето со дијабетес се воспоставило и после пиење на екстрактот од цитрусот, меѓу кои бил и екстрактот од лимон.
Хранливите материи од лимоновата кора ги стеснуваат порите на кожата па затоа оваа кора се докажува дека е делотворна во лечење на акните.
извор: точка.мк