Радио Милева перцепција по изолација...

Не излегоа сите здебелени и запуштени од карантинот: Емилија Розман – бујна и расцветана ја дочека „слободата“! (ФОТО)

Не излегоа сите здебелени и запуштени од карантинот: Емилија Розман – бујна и расцветана ја дочека „слободата“! (ФОТО)

Кукавме, плачевме, се жалевме… и дојде денот. Навистина, корнавирусот и пандемијата воопшто не се безазлени и за занемарување, но и слободата, како и животот, исто така – нема цена! Како и да е, карантинот и изолацијата се веќе минато, белким така и ќе остане?!

Во меѓувреме, нацијата наголемо се подготвува за „слободен проток на луѓе и стоки“, па ќе биде интересно да се видат првите „блиски средби“ во живо од враќањето кон социјализацијата. Кафулињата, кафеаните и локалите несомнено ќе бидат првото „зборно место“ за толку очекуваната „фејслук“ дружба, за која секако треба да си подготвен по долгото „лежење“ меѓу „4 ѕида“! Освен тоа, летото е на прагот, па кусите фустанчиња, проѕирните блузичиња и кратките маички се аутфит кој многу не може да сокрие… Ниту вишокот килограми, ниту подраснатите препони, пазуви и се друго што оди со бричот, од под папок до глуждови! Шминката, фризурата, педикирот, маникирот… се подразбираат. Бидејќи долго време бевме дома, многумина толку многу се опуштија, што се запуштија!

Но, дали баш сите излегоа здебелени и запуштени од карантинот?  Истото ова прашање јавно го постави и македонската мисица, модел, манекенка… Емилија Розман!

Имено, македонската убавица сподели фотографија на која госпоѓица „Розмантична“ е сликана на својот цветен балкон во полн сјај. Зеленило насекаде околу неа, цвеќето го краси пролетниот пејсаж во позадина, а и како украс во вид на цветно венче на нејзината убава глава.

Но, она што домиинира во прв план и она на што погледот заедно со здивот запира се… Нејзините крупни, зелени очи? И тие секако, но машките сепак имаат малку поинаква перцепција на цветната концепција на македонската мисица. Емилија Розман – бујна и расцветана, а вашиот поглед тет – а – тет со длабокото деколте. И секако, нејзиното прашање до Вас од почетокот на приказната за изолацијата и карантинот: И велите во ова карантинов се запуштивме сите, а?“

Ако треба одговорот да го дадеме судејќи по фотографијата, карантинот и изолацијата кај некои очигледно делувале стимулативно и мотивирачки како кај госпоѓица Розмантична. Емилија дополнително разубавена, бујна и расцветана, широкоградо, како цвеќе водата,  ја дочека „слободата“!

 

To top