Живот и Стил

Не го фрлајте стариот леб, направете пица: Нема побрзо и поедноставно јадење во кое ќе уживаат сите во фамилијата!

Не го фрлајте стариот леб, направете пица: Нема побрзо и поедноставно јадење во кое ќе уживаат сите во фамилијата!

Нема кој не сака пица, а ако често ви останува леб, не го фрлајте, користете го наместо подлогата. Лесно и брзо ќе добиете појадок или вечера, а нема да трошите храна. Со ова јадење особено ќе се воодушеват домашните.

Состојки:

12 парчиња бајат леб
200 гр сирење
100 гр шунка
100 гр сланина
100 гр печурки
4 лажици кечап
2 јајца
1 чаша кисела павлака
маслинки
оригано

Подготовка:

Лебот наредете го во поголем плех кој претходно сте го намачкале со малку масло или маргарин. Изматете цели јајца со павлака и со нив премачкајте го лебот, а врз тоа ставете кечап. Одозгора наредете ја шунката, сланината и печурките, па над се изрендајте го сирењето. По желба додадете маслинки и оригано. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Извор: Курир.мк

To top