Радио Милева

Не ги крие годините: Водителката на „Брза Кујна“ славеше роденден и без комплекси откри колку наполни

Не ги крие годините: Водителката на „Брза Кујна“ славеше роденден и без комплекси откри колку наполни

Родендените се едни од поводите за славење на кои го собираме семејството, пријателите, колегите, роднините….за да го одбележиме овој ден, а роденденот не поминува ниту без роденденска торта.

Некои практикуваат да прават големи забави, некои практикуваат да прослават во интимна атмосфера во кругот на најблиските.

Изминатиот период поради пандемијата со коронавирусот и забраната за големи собирања, многумина родендените ги прославија со членовите на семејството,  а некои и не славеа.

Водителката на „Брза кујна“ поради короната паузира од новите снимања на кулинарското шоу, но затоа на приватен план има повод за славење.

Александра Илиевска вчера (06.07) славеше роденден, а по тој повод на нејзина адреса пристигнуваа честитки од сите страни.

Водителката е од оние јавни личности која не ги крие годините и нема проблем да каже колку години наполнила.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа напиша дека го слави својот 35ти роденден.

фото: принтскрин/инстаграм

Меѓутоа, пред неколку дена Александра имаше уште еден повод за славење односно прослави 4 години од бракот со сопругот Александар Илиевски.

„Не те сакам само поради тоа кој си, туку и поради тоа која сум кога сум со тебе“, напиша Илиевска во описот на заедничката фотографија.

фото: фејсбук

Среќен роденден и уште многу години да славите годишнини од брак и љубов!

To top