Дарко Лазиќ неодамна стана татко по вторпат, а неговата свршеница Марина Гагиќ на свет го донесе синот Алексиј.
Марина и Алексиј во саботата излегоа од породилиште, а Дарко по повод на неговиот син Алексиј направи нова тетоважа.
Меѓутоа, пејачот не се појави на роденденот кај неговата ќерка Лорена, ќерка од првиот брак на Дарко со Ана Севиќ.
Иако нејзиниот роденден е на 10 јули, Ана Севиќ деновиве и направи забава на нејзината ќерка во една игротека.
Кога новинарите ја прашале Ана дали се појавил Дарко, таа едвај успеала да одговори:
„Не се појави“ изјавила Ана за медиумите.
Од друга страна, на својот Инстаграм, Дарко сподели постаро видео со својата ќерка Лорена.
Не е познато зошто пејачот не се појавил на роденденската забава.