Живот и Стил

Не е ниту оцет, ниту ракија: Овие намирници најдобро ја намалуваат температурата без лекови

Не е ниту оцет, ниту ракија: Овие намирници најдобро ја намалуваат температурата без лекови

Во сезоната на грип, сите се плашиме од температурата. Доколку немате аптека во близина или лековите не делуваат доволно, ова се природни начини малку да ја намлите кои секако ќе ви бидат корисни.

Најдоброто нешто во врска со овие намирници и методи е тоа што не мора да го гледате часовникот. Можете да ги практикувате и да ги консумирате колку што сакате.
Еве некои од нив:

1. Чили

Верувале или не, чилито е идеална храна во борбата против високата температура. Причината е капсаицинот, состојка во чилито, која испраќа порака до мозокот дека телото е прегреано. Доволно е да изедете само мало парче пиперка и телото ќе почне да се поти, а потоа тоа ќе има ефект на разладување.

2. Краставица и лубеници

Овие намирници се полни со вода и може да се јадат сирови. Голема е веројатноста и во овој период да имате краставица во вашата куќа. Можете да додадете краставица во смути ако сакате да ја зголемите вашата енергија и да ви го олесни пиењето течности. Експертите советуваат дека е добро да додадете малку мраз и јогурт, бидејќи тоа е храна која е добра за ладење.

3. Кокосова вода

Пред неколку години веројатно немаше да ја ставиме на списокот. Сепак, сега можете да најдете кокосова вода во сите добро опремени продавници за храна, а има се повеќе луѓе кои ја обожаваат. Пиењето кокосова вода е одличен начин за ревитализација и освежување на вашето тело. Витамините, електролитите и минералите ја прават исклучително ефикасна кога се соочувате со топлински стрес.

4. Нане

Нането е познато по своите разладни својства поради високата содржина на ментол. Во чајот додадете две или три ментол бонбони. Доброто е што можете да го консумирате овој вид на чај и ладен и топол. Всушност, пиењето топли пијалаци може да ви помогне да се разладите и повеќе да се потите.

извор:попра.мк

фото:shutterstock

To top