Сигурно веќе си подготвивте ајвар, лутеница и туршија за зимница. Но, не е доцна да си се обезбедите со уште нешто.
Ќе уживате во најубавиот вкус на печени пиперки.
СОСТОЈКИ
-5 килограми пиперки
-5 лажици шеќер
-1 лажица морска сол
-1 главица лук
-100 милилитри масло
-листови од целер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки. Потоа исецкајте ги крупно и оставете да се цедат во цедилка најмалку еден час или преку ноќ.
Во длабок сад ставете го маслото, додајте ги пиперките и сол. Ставете да се пече околу еден час, а пред крај додајте го оцетот, целерот и крупно сечканиот лук.
Соберете ги во стерилизирани тегли и добро затворете со капаци.
Теглите ставете ги во рерна на 90 степени 90 минути.
Исклучете ја рерната и оставете да стојат до следниот ден.
Извор:Курир