Дали се чувствувате како да правите сè што можете, но сепак не можете да го изгубите вишокот килограми? Постојат неколку навики на кои треба да внимавате бидејќи тајно го саботираат вашето слабеење.
Кога слободното време го посветувате на слабеење, прилично е разочарувачки кога после неколку недели нема да видите резултати. Ова може да биде затоа што често ги менувате видовите на вежби.
„Честото менување на тренинзите звучи одлично во теорија, но на крајот може да има негативен ефект врз слабеењето. Откако ќе се одлучите за програма за вежбање, држете се до неа најмалку еден месец за да видите дали ќе забележите некаков напредок“, вели нутриционистката Мариса Вест списанието Eat This, Not That.
Никогаш не треба да претерувате со консумирање здрава храна. Некои здрави намирници се калорични, така што контролата на порциите е клучна.
„Иако бадемите и авокадото се здрави, сепак се калорични. Доколку не ги контролирате порциите, многу е можно да претерате, особено ако јадете храна од кеси“, вели таа.
Недостатокот на одмор го саботира и вашето слабеење. Чувството на замор е директно поврзано со зголемувањето на телесната тежина.
„Истражувањата покажаа дека премалиот сон ја зголемува желбата за консумирање храна богата со јаглехидрати. Спиењето му помага на вашето тело да се опорави, да заштеди енергија и да ги обнови мускулите“, вели Вест.
извор:курир.мк