За фолк пејачот Наум Петрески песната е секојдневие, а периодов и свадбените прослави. Но, овој пат една свадба имаше најголемо значење со многу емоции, свадбата на неговата средна ќерка Сања.
Венчавката била модерна, па според она што го објави на својот Инстаграм, тато Наум му ја дал раката на ќерката Сања на зетот Алекс, движејќи се со неа кон олтарот пред големиот чин и судбоносното „да“.
Токму кога му ја предаде невестата на зетот, тато Наум не остави без да му каже некој збор на зетко и тоа да му шепне на уво, така дискретно меѓу нив двајцата.
Што имал да му каже, знаат само тие двајцата, а веројатно меѓу зборови стоело и потсртување да му ја чува миленичката. Како и секој татко, поврзаноста меѓу таткото и ќерката е силна, така што иако веќе искусен и претходно со мажачка на ќерка, за Наум ова сигурно беше силно емотивен момент со акцент дека треба да ја даде ќерката.
Ова е биде втор зет на Наум, Сања и Алекс се свршија кон крајот на месец мај, а во 2018 година пејачот ја деде раката на ќерката Анастасија на пејачот Владимир Поповски со кого денес имаат две дечиња.
За мажачка остана уште најмалата Македонка, а за Стефан кој сега средношколец, има време за да донесе снаа.
фото:Инстаграм принтскрин/Наум Петрески