Радио Милева ќе се пее и пие

Наум Петрески има нов зет: Помалата ќерка Сања кажа „да“ (фото)

Наум Петрески има нов зет: Помалата ќерка Сања кажа „да“ (фото)

Во домот на фолк пејачот Наум Петрески доаѓаат денови за песна, оро и здравица.

Неговата средна ќерка Сања Петреска му кажа „да“ на своето момче, а сега веќе и иден сопруг Алекс Антевски. Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзината сестра, пејачката Анастасија Петреска која ги објави младите додека Сања го држи кутивчето со прстенот во рака.

За разлика од Анастасија, другите две ќерки на Наум, Македонка и Сања не многу се експонираат јавно, така што за нив многу малку се знае, бидејќи и самите не така често се активни на социјалните мрежи.

Но кога има убав повод за славење, тогаш заедничките фотографии не изостануваат, па Анастасија и тато Наум како ултра познати ќе покажат нешто од приватноста и за останатите членови од семејството.

Кај Наум и Зуица ќе се пее и пие, а овој пат за Сања и Алекс.

Ова ќе биде втор зет на Наум откако во 2018 година ја деде раката на ќерката Анастасија на пејачот Владимир Поповски со кого денес имаат две дечиња.

За мажачка остана уште најмалата Македонка, а за Стефан кој сега е полуматурант, има време за да донесе снаа.

To top