Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредности.
Во продолжение ви претставуваме неколку чекори како тоа да го постигнете:
- Бидете добар пример
Третирајте ги Вашите деца на начин како што треба тие да ги третираат другите. Научете ги да почитуваат и сакаат.
- Учете ги на одговорности
Учете го Вашето дете на одговорности со тоа што ќе му дадете одредени задачи кои ќе треба да ги изврши, а воедно ќе му помогнете сето тоа да биде што поуспешно.
- Наградете ги Вашите деца
Наградете ги Вашите деца за добро одработената работа.
- Вклучете се
Вклучете се во животот на Вашето дете. Запознајте ги неговите другарчиња, родителите на нивните другарчиња и учители.
- Набљудувајте ги нивните активности
Следете ја нивната заинтересираност за музика, видео игри, телевизија и интернет.
- Ценете го времето
Поминувајте квалитетно време со Вашето дете. Вашето учество има позитивна улога врз неговиот живот.