Старлетата Наташа Шавија во мај годинава го обвини Стефан Кариќ, поранешен учесник на реалното шоу Задруга, дека ја претепал на свадба поради нејзиното „прекратко здолниште“. Наташа на социјалните мрежи објави снимка од безбедносните камери на кои се гледа насилството за кое Кариќ помина еден месец во затвор.
Следуваше хаос на Инстаграм, таа секојдневно зборуваше за него, ги откри деталите за инцидентот, медицинските предизвици со кои се соочиле лекарите кои двапати ја оперирале, за после се Наташа прво да се смири со таткото на Стефан, Осман Кариќ, а потоа наводно и со Стефан .
Пред извесно време се врати на Onlifens, платформа преку која веќе некое време заработува и благодарение на која изгради куќа и во Нови Сад.
Таа сега сними ново видео и откри како изгледа 6 месеци по страшните настани.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Наташа Шавија