Пејачката Наташа Беквалац посетила азил за кучиња скитници и таму го поминала цел ден заедно со нејзината ќерка. Таа им однела и голема количина храна за кучињата и уште еднаш покажа колку еголем хуманист.
Беквалац била трогната од глетката што ја затекнала, бидејќи сите кучиња биле малтретирани пред да дојдат во прифатилиштето, па го споделила на својот профил.
Таа објави неколку слики и видеа како си игра со кучиња, заедно со емотивна порака под споменатата објава.
– Не, не сме сите исти. Не се сите исти. Мислам луѓе… и кучиња… сите кучиња се исти. Те сакаат безусловно, те лижат и бакнуваат, ти јадат од рака иако од истата рака ги малтретирала, запоставувала или ги напуштила. Вчера го запознав најдоброто момче на светот. Неговото име е Никола. Го поминавме целиот ден заедно. Ќерка ми, неговата сестра, тој и јас… и над сто кучиња, секое со своја приказна. Тажно. Многу тажно – почна таа, а потоа продолжи:
– Станува збор за кучиња кои се тешко малтретирани, трауматизирани, запоставени, а не сакам да ви кажам за ниту едно бидејќи ги слушнав сите вчера. Единствено што сфатив е дека злото никогаш не може да ги победи добрината и љубовта, бидејќи ако не е добро, не е крајот. Ти благодарам што си таков, поинаков од сите нас, подобар и поблагороден… Од вчера си мој пријател па… ајде да се дружиме драги Никола, Мајо, Срце, Луна и останатата кучешка банда – напиша таа. .
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм/Наташа Беквалац