Некогашната бинго девојка и манекенка Натали Грубовиќ иако не ја гледаме на ТВ екраните, активна е на социјалните мрежи каде што одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија, објава и да покаже како го поминува времето или пак да се пофали ако има некој повод за славење како што беше и овојпат.
Имено, изминатиот викенд, Натали и сопругот го прославија 4иот роденден на нивната ќерка Натали.
По тој повод, екс водителката на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира со сопругот и ќерката, а во описот напиша:
„Среќен роденден моја принцезо Натали“, напиша таа.
За ова прилика, Грубовиќ одбра фустан со шарен дизен, додека славеничката исто така беше во фустанче во комбинација со бели сандали.
Под ојбавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, меѓу кои и некогашната водителка Хелена Роза која напиша:
„Среќен роденден принцезо“:
Инаку, ќерката на Натали го доби името по неа, а тоа е одлука на нејзиниот сопруг Дрен, а кога се роди и одлучија за нејзиното име, таа напиша:
Штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека се уште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создадено за неа, изјави тогаш Натали.