Кога Џенифер и Џилиен наполниле пет години, сеќавањето за нивните минати животи почнало да бледнее и тие продолжиле со нормалните животи.
Но, во годините кои следеле, нивните родители почнале да забележуваат дека близначките сè повеќе наликуваат на своите трагично загинати сестри.
Во 1957 година, единаесетгодишната Џоана и шестгодишната Жаклин Полок трагично настрадале во сообраќајна несреќа во Англија. Една година подоцна, нивната мајка ги родила близначките Џенифер и Џилиен.
Џенифер имала белези на истите места како и Жаклин. Близначките барале играчки за кои не ни можеле да знаат дека постојат, бидејќи припаѓале на покојните сестри. Исто така, тие барале да ги однесат во парк во кој никогаш претходно не биле (но покојните сестри биле). Реномираниот психолог во тоа време, д-р Иан Стивенсон го проучувал овој случај и заклучил дека близначките се веројатно реинкарнација на покојните сестри.
Близначките Полок биле сестри од Англија кои со години по нивната смрт ги уверувале бројните психолози и теолози дека реинкарнацијата е навистина можна. Нивните родители, Џон и Флоренс Полок живееле во англискиот град Хексам. На 5-ти мај 1957 година, сестрите починале во сообраќајна несреќа – настан кој ги завил родителите во црно.
Следната година Флоренс повторно забременила. Таа ги родила близначките кои имале белези на различни делови од телото. Џенифер имала белег на струкот, на истото место каде што некогаш имала и Жаклин. Исто така, таа имала белег на челото кој премногу потсетувал на белегот кој Жаклин го имала како мала.
Џенифер и Џилиен постојано се вознемирувале и почнувале да се тресат од страв секојпат кога покрај нив ќе поминел автомобил.
“Автомобилот ќе нè убие”, викале тие во таквите ситуации.
Овој мистериозен случај го привлекол вниманието на д-р Иан Стивенсон (1918 – 2007), психолог кој се занимавал со проучување на реинкарнацијата кај деца. Во 1987 година, тој ја напишал книгата “Деца кои се сеќаваат на минатите животи: Прашање за реинкарнација”, во која опишува четиринаесет случаи на реинкарнација, вклучувајќи го и случајот со близначките Полок.
извор:точка.мк