По манекенството, каде што би сакала да биде успешна и кое и’ е сегашно хоби на убавата Моника, таа за неколку години себеси се гледа и како успешен модел со меѓународна кариера. Смета дека од убавината може добро да се живее надвор, но не и во Македонија.
Моника не е нов лик во светот на манекенството, веќе извесен период е член на модното студио Црнокрак. Има 20 години и е од Кичево. Како студент на Педагошкиот факултет во Скопје, сака да биде и професор по одделенска настава.

Смета дека убавината треба да се одржува и внатрешно, но и надворешно. Оваа убавица нема проблеми со килограмите, па не држи диети. Обожава да пешачи и повремено да вежба во теретана.
Животното мото и’ е да биде искрена и да го следи својот сон.

