Живот и Стил

Напревете сами едноставен, но ефикасен лек против кивавица

Напревете сами едноставен, но ефикасен лек против кивавица

Ако ве мачат пролетните алергии од полен и цветањето на природата, сигурно не знаете како да се изборите со досадната кивавица.

Покрај лековите кои ги пиете и витамините за зајакнување на имунитетот, препорачуваме да пробате и природен „медикамент”.

Направете многу брзо и лесно сируп од рен

  • Парче рен, зеленчук со исклучително силен мирис, изрендајте го, а потоа прелијте го со чаша топла вода во која претходно сте раствориле лажичка мед.
  • Важно е многу добро да ја измешате смесата и сирупот е готов.
  • Ова е доза за една употреба, а потребно е да ја правите два или уште подобро три пати на ден и да ја пиете голтка по голтка. Во никој случај одеднаш, бидејќи посакуваниот ефект ќе изостане.
  • Со бавно пиење, силниот мирис на ренот и сите лековити состојки кои ги има, ќе го прекине кивањето и ќе ви помогне полесно да дишите.
To top