Иако долго време е на македонската музичка сцена, македонската пејачка не е изложена на чести промени, па е позната по својата долга, црна коса.
Калиопи Букле која сите ја знаеме по нејзните мега хитови „Бато“, „Месечина“, „Обои ме“, „Црно и бело“ е препознатлива по својот извонреден вокал. Најчесто, кога настапува на сцена Опи носи црна комбинација која совршено и стои со нејзината долга коса.
Пејачката овој пат се одлучи да направи промена, односно својата долга ја скрати, па сега има нова фризура. А нејзините фанови не се штедеа да и дадат комплименти и да ја пофалат дека и стои прекрасно.