Малку малина, банана, млеко и уште неколку состојки ќе бидат доволни за ова одлично смути.
Кога станува збор за летните освежувања, настрана од стандардните пијалоци како вода и лимонада, многу луѓе уживаат во здрави, вкусни смути.
Комбинацијата од малина и банана е нешто на кое многумина нема да можат да одолеат, особено кога ќе им се додадат некои други намирници.
Потребно:
млеко
Грчки јогурт
малини
екстракт од ванила
исечкана банана
мед
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Истурете во чаши, а по желба можете да додадете и коцки мраз.
Извор: Курир