Живот и Стил

Направете сами ефикасно средство за чистење во домот

Направете сами ефикасно средство за чистење во домот

Многу од средствата кои ги користиме за чистење на домот содржат штетни и абразивни хемикалии кои не се сигурни за користење кога во домот имаме мало дете кое често се лизга по подот, фаќа предмети…

Денес ви нудиме алтернативно решение за нетоксично домашно сенаменско средство за чистење чие дејство не е толку абразивно, но затоа пак е природно и не влијае негативно кај децата и нашата средина.

Во шише со пумпица за прскање измешајте 2/3 дестилирана вода, 3 лажички сода бикарбона, 2 лажици бела киселина и еден исцеден лимон, а можете да додадете и неколку капки етерично масло од цитрус или пак ванила.

Мирисот на киселината ќе го снема по првиот ден.

Ова средство е одлично за чистење на секакви површини, важно е да ја избришете површината со сува крпа и ќе имате сјаен резултат.

Зошто состојките во ова средство се одлични за чистење?

Содата за готвење чисти, делува како отстранувач на мириси, ја омекнува водата и чисти флеки
Лимонот е една од најсилните киселини во храната и делува ефективно во борбата против најтврдокорните бактерии во домот
Бела киселина чисти мрснотии, остранува мувла, остранува дамки и дезинфицира

Извор: Курир.мк

To top