Изложеноста на сонце е еден од факторите што го зголемува ризикот од заболување од рак на кожата, поради што експертите препорачуваат редовно да нанесувате крема за сончање, а еве рецпт како да ја направите сами.
Состојки:
1/2 филџан маслиново или бадемово масло;
1/2 филџан кокосово масло (има природен заштитен фактор 4);
1/4 филџан пчелин восок
две лажички цинк оксид.
Подготовка:
Во стаклен сад ставете ги сите состојки, освен цинк-оксидот. Во тенџере со средна големина ставете малку вода и ставете на шпорет да се загрее. Стаклениот сад со состојките ставете го во тенџерето со вода, за состојките да се стопат.
Повремено мешајте, а кога во целост ќе се соединат тргнете ги од шпоретот, и во садот додадете цинк-оксид и промешајте. По желба можете да додадете и есенцијални масла за кремата да има поубав мирис.
Инаку, цинк-оксидот е минерал што го одбива штетното сончево зрачење и е главна состојка на кремите за сончање.
Запомнете дека оваа домашна крема не е водоотпорна, па би требало повторно да се намачкате од излегувањето од вода. Според овој рецепт, направената крема за сончање има заштитен фактор 15, а колку повеќе ќе ставите цинк-оксид, толку е поголем заштитниот фактор.
Всушност и кога купувате креми за сончање, барајте ги оние што содржат цинк-оксид.