Кога се прави фризура, треба да биде во сооднос со формата на вашето лице.
Еве неколку совети за тоа на што и како да внимавате…
Како да ја направите вашата фризура имајќи ја во предвид формата на вашето лице?
Ако имате округло лице, избегнувајте го патецот на средината на главата бидејќи дополнително ќе го нагласите округлото лице. Исто така избегнувајте должината на косата да не биде во висина на брадата или вратот бидејќи и на тој начин ќе го нагласите кружниот облик на лицето.
Можете да ја носите косата кратко или да пуштите должина до рамена.
Долгнавестото лице не поднесува долга и рамна коса која што ја нагласува издолженоста на лицето. Исто така не оставајте кратки делови на врвот бидејќи визуелно ќе ве издолжи. Ваш избор треба да биде богатиот волумен кој се движи во распон од брадата до рамената. Врвовите да бидат скратени така што ќе создаваат изглед на ширина и исполнетост.
Ако имате лице во облик на срце тогаш избегнувајте ги фризурите кои ги нагласуваат образите. Посебно bob стилот од 20-тите кај кого косата завршува до брадата. Изберете валовита, виткана фризура со патец на страна што изгледа романтично.
Ако имате четвртасто лице заборавете ги геометриските фризури бидејќи и онака имате изразени линии на лицето. Степенестата може да помине но сушете ја косата со округла четка што ќе ги омекне линиите. Секако одберете шишки. Тие ги намалуваат цртите на лицето но внимавајте да не бидат премногу рамни. Дајте им малку живост. Косата може да биде долга или кратка но секако избегнувајте престилизирани и укочени фризури.