Живот и Стил

Направете домашно кондензирано млеко: Ефтино, а совршено за десерти

Направете домашно кондензирано млеко: Ефтино, а совршено за десерти

Потребно е:

500 мл полномасно млеко
1 чаша шеќер
прстофат сода бикарбона

Подготовка:

Истурете млеко во тавата и ставете го на средна температура, додадете шеќер и оставете да зоврие. Мешајте со шпатула да не стане леплива смесата, па кога ќе зоврие намалете ја температурата и мешајте уште две до три минути. Зголемете ја температурата со постојано мешање. Мешајте околу 15 до 25 минути, а потоа додадете сода бикарбона во кондензираното млеко. Мешајте додека се лади, да не се формира слој одозгора. Оставете да се излади целосно на собна температура. Истурете во тегла и чувајте го во фрижидер.

Извор: Попара

To top