Потребни состојки:
5 кг јагоди
500 гр шеќер
лимон
1,5 – 2 литри вода (по желба)
Начин на подготовка:
Измијте ги јагодите, исчистете ги, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Префрлете ги во поголемо тенџере, додајте шеќер, сок од лимон, вода и варете го сокот додека да зоврие.
Загрејте ги шишињата во кои ќе го сипете топлиот сок. Затворете добро, вратете во рерна и оставете го сокот во рерна 1 час на температура од 90 степени.
извор:кајгана.ком