Чоколадните колачи и торти знаат да бидат вистински „калориски бомби“. Но, овој колач се прави без брашно и дополнителен шеќер, што го прави идеален десерт кога сакате да избегнете големи количини на рафиниран шеќер.
Она што е одлично кај овој рецепт е неговата едноставност во подготовката, а особено ќе ве воодушеви неговата мека структура и сочниот вкус.
Потребни состојки:
– 2 банани
– 2 јајца
– 30 гр. какао во прав
– половина ќесичка прашок за печиво
Прелив:
– 100 гр. црно или млечно чоколадо
– 1 лажичка масло за јадење
Начин на подготовка:
Најпрвин вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете ги јајцата и бананата во блендер или изматете ги со миксер, а потоа додајте го какаото во прав и прашокот за печиво. Продолжете да блендирате или да матите додека не добиете хомогена смеса.
Смесата префрлете ја во помала тава или калап со пречник околу 15 центиметри. Кога рерната ќе се загрее, ставете го колачот да се пече некои 30 минути. Кога ќе биде готов, истопете го црното чоколадо со 1 лажица масло и прелијте го преку колачот.
Можете да оставите да се излади или да го јадете топол.
извор:точка.ком.мк