Ако сакате да се свртите кон здрава исхрана и да слабеете еве еден едноставен рецепт за напиток кој го намалува апетитот.
– 3 лажици брашно од хељда
– 1 литар вода
– 1 лажица мед
Брашното од Хељда разматете го во чаша ладна вода, а остатокот од водата ставете го да зоври па постепено сипувајте од брашното. Се добро измешајте на тивок оган 5 до 7 минути. Откако ќе се олади додадете една лажица мед и, чувајте ја во фрижидер и конзумирајте по една чаша пред јадење.