Толку е хранлив што може целосно да го замени вашиот вообичаен појадок.
Овој напиток се состои од овошје и зеленчук богати со флавоноиди и антиоксиданти кои ќе му помогнат на вашиот имунитет во одбраната од штетните микроорганизми.
Јаболкото од дамнешни времиња е познато како лек и изреката „едно јаболко дневно го брка лекарот од вашиот дом“ не е без основа. Експертите го анализирале хемискиот состав на ова овошје и утврдиле дека неговите фитохемикалии се средство против најмалку 3 видови карцином – на бели дробови, дебело црево и црн дроб.
Јаболката се богати со витамините А, Ц, Б и рибофлавин и имаат висок удел на две фитохемиски супстанци: пектин кој ја олеснува перисталтиката на цревата и ја намалува апсорпцијата на шеќерот, но и бор кој го чува здравјето на коските и нервниот систем.
Благодарение на својот состав, јаболкото има детоксикациско, антисептичко и антивоспалително дејство, го намалува холестеролот во крвта и ја стимулира работата на црниот дроб.
Морковот има антиоксидативно, антибактериско и противтуморско дејство, ги штити артериите и делува како експекторанс, па го олеснува излачувањето на секретот од белите дробови. Антиоксидативното делување на морковот произлегува од каротеноидите кои го намалуваат ризикот од развој на тумор, штитат од срцеви заболувања и болести на васкуларниот систем, а со тоа ги поттикнуваат и менталните функции.
Важна состојка на овој напиток е и цвеклото кое има антибактериско, антиоксидативно и лаксативно делување. Изобилува со витамин А и бетаин – ензим кој ги храни и зајакнува црниот дроб и жолчката. Покрај тоа, цвеклото е одличен извор на калиум и делува како чистач на црниот дроб, бубрезите и жолчката.
Еве како да го подготвите овој здрав напиток од 3 намирници:
Потребни состојки: 2 цвекла, 2 моркови и 2 јаболка.
Начин на подготовка: Во блендер ставете го вареното цвекло, свежите моркови и јаболка, потоа блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Можете да додадете малку вода или неколку коцки лед доколку смесата е прегуста.
Извор:Курир.мк